Родовата еднаквост во Општина Боговиње

Здружението за локален и рурален развој во соработка со Општина Боговиње го спроведува проектот “Анализа на капацитетите и потребите на локалните институции за креирање родови политики”. Проектот има за цел да ги испита потребите на локалната самоуправа, со посебен фокус на Комисијата за Еднакви Можности, за вклучување на принципот на родова еднаквост при креирање локални политики, како и да воспостави ефективна соработка помеѓу сите релевантни фактори на локално ниво. Во првата фаза на проектот беа спроведени анкети, истражувања и фокус групи, кои имаа за цел да дефинираат кои се капацитетите и потребите за зајакнување на членовите на Комисијата за Еднакви Можности. Во понатамошниот тек се предвидени организирање на семинари за локалните институции со цел креирање заеднички план за понатамошно делување и печатење на публикација со наодите и препораките.
Проектот се финансира со грант од страна на програмата CIVICA Mobilitas имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.
![]() |
![]() |
Анализа на капацитетите и потребите на локалните институции за креирање родови политики
Во рамки на проектот “Анализа на капацитетите и потребите на локалните институции за креирање родови политики”, на 21 и 22 Јули, 2011 во Хотел Бисер, Струга, беше оддржана работна средба за презентирање на заклучоците од истражувањето и креирање заеднички план за понатамошно делување.
Целта на средбата беше споделување на добиените податоци и врз основа на нив изготвување на план на активности и мерки што треба да се превземат за адресирање на идентификуваните потреби.
На средбата учествуваа претставници на Комисиите за Еднакви Можности на Општините Боговиње и Брвеница, претставници на општинските администрации и невладините организации.
Проектот се финансира со грант од страна на програмата CIVICA Mobilitas имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDС.