ЗАВРШЕН НАСТАН НА ПРОЕКТОТ “РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ“
Во петок, 11 јануари 2013 год, во 10:30, во ЕУ инфоцентарот, се одржи завршна конференција на проектот “Родова рамноправност во руралните средини“.
На настанот присуствуваа:
НЕ г-дин Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на ЕУ
Г-ѓа Елена Грозданова, Државен советник за родова еднаквост, Министерство за труд и социјална политика
Г-дин Хазби Идризи, Градоначалник на Општина Боговиње
Г-дин Енвер Пајазити, Градоначалник на Општина Брвеница
Г-дин Енвер Кадрија, Градоначалник на Општина Врапчипште
Г-дин Фатмир Изаири, Градоначалник на Општина Желино
Г-ца Санела Шкријељ, Координатор на Здружението за локален рурален развој ги презентираше препораките за поквалитетно спроведување на Законот за родова еднаквост на општинско ниво.
Родовата еднаквост е една од приоритетите на ЕУ и што е најважно овие концепти се составен дел на сите програми кои што се промовирани и поддржани од ЕУ.
Цел на проектот “Родова рамноправност во руралните средини“ беше да промовира политики, механизми и вредности кои што треба да обезбедат еднакви можности за жените и мажите да можат да ги исполнат своите лични приоритети и да се вклучат активно во развојот на нивните рурални средини.
Основна цел на овој проект беше да обезбеди функционален, социјално праведен развој и да ги подобри условите за постигнување на родова рамноправност во руралните средини преку институализација на родовиот меинстриминг во процесот на креирање на политики на локално ниво.
Проектот беше спроведен во четири општини во полошкиот регион: Боговиње, Брвеница, Врапчиште и Желино, во периодот јануари- декември 2012, со буџет над 70, 000 ЕУР.
Проектните активности резултираа со:
- Зајакнат капацитет за ефективно спроведување на концетите за родова рамноправност на локалните институции, комисии за еднакви можности и невладини организации од вклучените општини
- Зголемена и подобрена соработка на темата родова еднаквост помеѓу сите чинители на ниво на општини
- Креирани и усвоени Локални акцијски планови за редова рамноправност
Соопштение за јавноста >>>
Општините од полошкиот регион креираат 3 годишни акцијски планови за еднакви можности за жените и мажите
Од 8 октомври 2012, ЗЛЛР и експертскиот тим на обучувачи од Центарот за институционален развој (ЦИРА), започнаа со посети на општините вклучени во проектот “Родова еднаквост во руралните средини“, поддржан од ЕИДХР програмата на ЕУ.
По завршените обуки, претставниците на Комисиите за еднакви можности, од општините Боговиње, Брвеница, Желино и Врапшиште, започнаа со креирање на општинските акцијски планови за еднакви можности за жените и мажите. По СВОТ анализите, се дифираа и стратешките приоритети и активности за периодот 2013- 2015. Посебно внимание се осврна на утврдување на одговорните институции, распределување на ресурсите, но и дефинирање на реални и мерливи индикатори.
На 15 октомври се одржа работна средба во општина Брвеница; додека на 19 октомври планирани се средби со членовите на комисиите во општина Желино; на 22 октомври е последната во општина Врапчиште.
Откако ќе бидат финалзирани, акцијските планови ќе бидат доставени до општинските совети за одобрување. Одобрените планови ќе бидат испечатени и дистрибуирани до општините и останатите релевантни инстутуции, по што можно е веќе и конкретизирање на некои од предложените активности.
Во рамките на Проектот Родова еднаквост во руралните средини, на 30/ 31 август 2012, ЗЛЛР ја организирасе дво дневна обука за креиранје на опстински акцијски планови за родва еднаквост. Според проектниот план, планирано е да се изработат нацрт акцијски планови во секоја од вклуцените опстини (Боговинје, Врапцисхте, зелино и Брвеница), кои сто се базирани на реалните потреби, прилагодени на мозностите за релазацијја, со кои сто ке се постигнат подолгороцни промени. Овие акцијски панови ке бидат доставени до опстиниските совети за одобрување.
На првата обука на оваа тема, обуцуваците ги воведоа уцесниците во процесот на изработка на плановите и им ги преставија основните цекори кои сто мора да се превеземат за успехна релаизација на процесот. Сесиите беа на тема:стратесхко планиранје, активности базирани на заедницка визија, вазноста на посирока партиципативност и вклуцуванје на сто поголем број лица, посебно засегнатите страни; проценка на приоритените области; сзатое вазно вклуцуванје на преставници од сите сектори во опстината во прорцесот;формиранје ан работни групи по сектори на опстинско ниво; финансиска издрзилвост и секако, дали посто експертитза на ниво на опстина за реализација на предлозениот акцијски план. Вториот ден од обуката, уцесниците, поделени по групи/ по опстина,пристапија кон изработка на СЊОТ анализи и им бехсе преставена Матрица за стратесхка оријентација и презентација на резултатите.
Тимот на ЗЛЛР и тимот на обуцуваци од ЦИРА (Центар за …..)ке бидат инволвирани во текот на целиот процес на изготвуванје на акцијските планиови, поцнувајки од одбуките се до нивно финално конципиранје од страна на преставниците на комисиите за еднакви мозности.
Јавна Расправа на Национална стратегија за спречување и заштита од семејно насилство 2012-2015
Претставници од Здружението за Локален Рурален Развој учествуваа во Јавната Расправа на Национална стратегија за спречување и заштита од семејно насилство 2012-2015, која се одржа на 28 Јуни 2012, во Собрание на Република Македонија, која се одржа во организација на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.
Изминатите неколку години се зголемува евидентирањето на случаите на семејно насилство проследено со зголемено казнено процесуирање на бројот на регистрирани сторители.
Во првото тримесечие од годинава евидентирани се 134 кривични дела извршени при семејно насилство, што е 9 проценти помалку во споредба со истиот период минатата година.
Министерoт за труд и социјална политика Спиро Ристовски потенцираше:
“Заради заштита на жртвите преземавме активности за унапредување на граѓанско-правниот и казнено-правниот систем во Македонија, а во 2008 година се воедначи дефиницијата на семејно насилство со Кривичниот законик”.
Родова рамноправност – Законска рамка во Република Македонија
Здружението за локален рурален развој во рамките на проектот Родова рамноправност во рурални заедници, финансиран од ЕУ, организира еднодневна работилница на тема Родова рамноправност – Законска рамка во Република Македонија. Работилницатa се оддржa на 11 Јуни, 2012 година, во општина Боговиње, село Камењане со почеток во 12 часот. Учесници на работилницата, беа членовите на Комисиите за еднакви можности од општините Боговиње, Брвеница, Врапчиште и Желино.
Г-ѓа Елена Грозданова која е најдиректно упатена и надлежнa за оваа тематика, го претстави пред членовите Законот за Еднакви Можности како и националните политики и програми врзани со нивната работа.Членовите имаа можност да дискутираат и да постават прашања на крајот на работилницата, споделија мислења и дадоа коментари за целото предавање.
Еден за сите, сите за за природата
Во среда, 6 јуни 2012, , во основното училиште “7-ми март“, во с.Челопек, општина Брвеница, Здружението за локален рурален развој, го организираше настанот насловен “Еден за сите, сите за за природата“. Настанот беше поддржан од Норвешката Амбасада, преку програмата за мали грантови.
Цел на настанот беше промоција на позитивните аспекти на интер-етничката различност преку активности на учениците од основното училиште. Повеќе од 100 ученици беа вклучени во настанот.Акција за чистење на училишниот двор, садење на цеќе и зеленило, спортски игри со реквизити од рециклирирачки материјали, цртање, беа само дел од бројните активности во текот на настанот. Преку пораката на настанот “Еден за сите, сите за природата“, учениците пратија порака дека различноста треба да е фактор на заедништво особено во ситиуации кога се појавуваат предизвици од заеднички инетерес за заедноцата- како нпр.оние поврзани со запштита на животната средина.
Поздравен говор одржа градоначалниок на Општина Брвеница, г-дин Енвер Пајазити. Тој ја истакна поддршката на локалната смоуправа за инцијативи кои што промовираат позитивни вредности и придонесуваат кон подобруавње на интер-етничката и интер- културалната соработка помеѓу жителите на општината.
Ушлилштето беше наградено со топки за футбал, кошарка и благодарници од ЗЛЛР, додека ПАКОМАК- компанија за посатпување со отпад од пакување донираше 4 контејнери за селкција на отпад.
Потребите на руралната жена презентирани на средбата со делегацијата на ЕУ во Боговиње
На 25 мај, 2012, караванот на ЕУ ја посети Општина Боговиње. Градоначалникот Хазби Идризи беше домаќин на средбата на која што учествуваа Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, Министерката за Евро Интеграции, Теута Арифи, Раководителот на ЕИДХР програмата, Ирена Иванова, како и други преставници на канцеларијата на ЕУ во Македонија.
Претседателот на Здружението за локален рурален развој (ЗЛЛР), Санела Шкријељ, исто така пристуствуваше на средбата.
Таа ја искористи приликата да ја промовира мисијата на ЗЛЛР, проектот подджан од ЕИДХР програмата на ЕУ, но најмногу да лобира за поголема поддршка од страна на донаторите за социо- економскиот развој на руралната жена. Ито така, таа му заблагодари на градоначлникот Идризи за континуираната поддршка за активностите на ЗЛЛР.
Еднаквоста помеѓу половите, долгорочна цел на руралните заедници
Учесниците на обуката “Дефинирање на основните концепти на родовата еднаквост“ која што се одржа во Маврово, на 26/ 27 април 2012, истакнаа дека еднаквоста помеѓу половите мора да биде приоритиет на општинско ниво, иако за да се постигне напредок потребна е целосна посветеност и посебен буџет. Оваа е прва, од четирите предвидени обуки, кои што се организирани во рамките на проектот “Родова рамноправност во руралните средини“, поддржан и финансиран од ЕИДХР програмата на ЕУ.
На обуката присустувуваа претставници на општинските совети, комисиите за еднакви можности, невладиниот и бизнис секторот, од петте општини во кои што се имплементира проектот:Боговиње, Брвеница, Желино и Врапчиште. Преку иинтерактивна обука, учесниците се запознаа со темите: Разлика меѓу термините пол и род; Клучните компоненти на родовите односи; Развојни приоди;Родова поделба на трудот; Родови стереотипи и предрасуди; Дискриминација врз основа на пол; Клучни области во кои жените се најчесто дискриминирани; Дефинирање на поимите родова еднаквост и рамноправност; Вовед во родова анализа и родово буџетирање.
За време на дискусиите беа истакнати и некои од предизвиците за целосно спроведување на политките за родова еднаквост на општинско ниво:општинските буџети не се доволни за да ги покријат сите приоритетни теми во годишните планови; буџетите се претежно алоцирани за големи, инфраструктурни проекти; координаторите на комисиите за еднакви можности често покриваат повеќе сектори, немаат специфичен опис на работното место и нема буџет за покривање на нивните оперативни трошоци; традиционалните вредности не се сметаат за пречка, иако некои од нив сепак се сметаат за пречка за севкупна реализација на женскиот пол. Заклучно, учесниците се сложија дека за целосна реализација на половата еднаквост, ќе биде потребно да се организираат овој тип на обуки и за градоначалниците; за коориднаторите на комиссите за еднакви можности да се изработи опис на работното место и да се предвиди посебен буџет за нивно функционирање.
Следната обука ќе се одржи во Мај, на тема “ Правна рамка и политики со кои што се уредува еднаквста помеѓу половите“.Средба на општините вклучени во проектот “Родова рамноправност во руралните области“
На 28 март 2012, во општина Брвеница, Здружението за локален рурален развој, ја организнираше првата работна средба помеѓу, општините вклучени во проектот, “Родова рамноправност во руралните зони“, поддржан од ЕИДХР. На средбата присуствуваа претставници од: комисиите за еднакви можности, канцелариите за локален рурален развој, претставници од општинските совети и невладиниот сектор, од општините Брвеница, Боговиње, Врапчиште и Желино.
На учесниците им се обрати градоначлникот на Брвеница, г-дин Енвер Пајазити. Во неговото обраќање тој ја конфирмираше поддршката за планираните активности во полошкиот регион, како и постветеноста на сорабтката со невладиниот сектор.“ Општините од полошкиот регион се желни за активно вклушување во проектни активности кои што допринесуваат кон социо- економски развој“. Регионот поседува потенцијал и постои широка поддршка за заедничка имплементација на проекти, преку кои регионот ќе биде препознаен како активен партнер а не само како пасивен учесник“, изјави градоначлникот Пајазити.
Цел на средбата беше презентација на проектните цели и активности, дефинирање на временската рамка за престојните обуки, дискусија за постоечките акцијски планови и сугестии за имплементација на проектот. Учесниците на средбата споделија и некои проектни идеи кои што се од приоритетно значење за регионот. Предлог идеите беа од неколку домени:здравствена заштита на женската популација од недостапните рурални подрачја, подобрување на интер-етничките односи (целна група се учениците од средните училишта), обука за изборниот процес итн.
Работната група повторно ќе се сретне на крајот на Април кога ќе биде и спроведен првиот циклус обуки.
Март 2012, “Родова Рамноправност во Руралните Средини”
На почетокот на месец Март, Здружението за Локален Рурален Развој одржа серија одделни средби со членовите на Комисиите за Еднакви Можности од општините Желино, Брвеница, Боговиње и Врапчиште, за презентирање на проектот "Родова Рамноправност во Руралните Средини." На овие средби, членовите на комисиите беа запознаени со целите и активностите на проектот и беа информирани за нивното активно вклучување и конкретни обврски во однос на реализацијата на проектот.
Како резултат на овие средби, на крај на месецот ќе биде организирана координативна средба каде ќе бидат поканети да присуствуваат сите членови на Комисиите за Родова Eднаквост од општините, представници од локалните власти и представници од локалните НВО. На координативната средба ќе се дефинира практиката на понатамошното дејствување, конкретните обврски на сите учесници за реализирање на проектните активности и распоредот на активностите.
Февруари 2012, “Родова Рамноправност во Руралните Средини”
Здружението за Локален Рурален Развој започнува со реализирање на проектот "Родова рамноправност во руралните средини" во Полошкиот регион. Овој проект ќе се реализира во соработка со локалните авторитети од општините Боговиње, Брвеница, Желино и Врапчиште.
Општа цел на проектот е да се постигне ефективен и социјално праведен развој и да се подобри родовата рамноправност во руралните средини преку институционализација на пристап за вклучување на родовата перспектива во процесот на креирање на политики на локално ниво.
Специфични цели на проектот:
- Изградба на капацитетите на локалните институции, Комисиите за Родова Еднаквост и невладините организации за ефективно вклучување на родовата перспектива;
- Воспоставување на ефективни алатки и методологии – Локален План за Родова Еднаквост со кои ќе се потпомогне процесот на вклучување на родовата перспектива на локално ниво;
- Подигање на јавната свест во однос на прашањата за родова рамноправност преку стратегија за сеопфатно информирање на јавноста и медиумска кампања.
Во рамките на проектот "Родова Рамноправност во Руралните Средини" е предвидено спроведување на работилници, семинари, јавни дебати, конференција, обуки за Целната група на проектот - членовите на Комисиите за Еднакви Можности од општините, печатење и дистрибуирање на едукативни брошури за правата на жените и формирање на Mрежа за соработка.
Главните корисници на придобивките од проектот се жените од општините Боговиње, Брвеница, Врапчиште и Желино, локалните организации од цивилното општество, како и општинскиот персонал.